Автоматските подесувања за пристап на Интернет и MMS се користат едноставно со одбирање модел на мобилниот телефон, видот на подесување и внесување на бројот на кој сакате да ги пратите. Подесувањата ќе стигнат по пат на SMS порака на бројот кој сте го впишале и автоматски ќе се постави во меморијата на телефонот.
Услугата MMS можете да ја користите доколку имате телефон кој поддржува MMS и ги поставите соодветните Internet и MMS подесувања на телефонот. Автоматските MMS подесувања можете да ги пратите на посакуваниот број на мобилниот телефон.
GPRS можете да ги користите доколку имате мобилен телефон кој поддржува GPRS технологија и ги поставите соодветните Internet подесувања. Автоматските Internet подесувања можете да ги пратите на посакуваниот број на мобилниот телефон на ист начин како и за MMS. Доколку Вашиот мобилен телефон поддржува EDGE технологија, користете ги истите подесувања како и за GPRS.